И Јакуп Красниќи ќе „одлета“ за Хаг


Адвокатот Валон Хасани го потврди обвинението против Јакуп Красниќи и трансферот во Хаг, што се очекува да се случи во текот на денот.

„Сè што може да потврди е дека има рација. Обвинението е потврдено, сега  Красниќи мора да биде пренесен во Хаг, верувам денес“, рече тој.

Во меѓувреме пред куќата на поранешниот спикер на косовското собрание се собраа повеќе претставници од Организацијата на борци на ОВК.Се шпекулира и за рации во куќата на шефот на пратеничката група на Движењето Самоопределување, Реџеп Селими и Азем Сула. Но, наводите  не се потврдени.

Специјалниот суд на крајот на 2018 година ги поднесе првите обвиненија против поранешните припадници на ОВК. Првите апсења беа извршени на 24 и 25 септември. Сè уште не се потврдени и обвиненијата за претседателот на Косово, Хашим Тачи и Кадри Весели.