Албанскиот министер за туризам позитивен на Ковид-19


Уште еден министер во владата на албанскиот премиер Еди Рама е позитивен на Ковид-19.

Како што лично објави на својот профил на Фејсбук позтивен на вирусот е Бленди Клоси, министер за туризам и животна средна.

-Драги пријатели. По тестирањето за Ковид-19, резултатот е позитивен. Со започнувањето на третманот и карантинот според протоколите, ја користам оваа можност да ја повторам важноста за почитување на сите мерки препорачани од здравствени експерти за да се спречи ширењето. Ви посакувам здравје,напиша Клоси.

Ова е втор случај на заразен член од кабинетот на премиерот Еди Рама. Деновиве дека е позитивна на Ковид-19 информираше министерската за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку.

И во албанскиот парламент има нов случај на заразен. Тоа е пратеничката Рудина Хајдари, што е петти случај во законодавниот дом. Нејзините колеги веќе ја добија битката со опасниот вирус.

Вчера во земјата беше регистриран нов негативен рекорд. Од 1.684 направени тестови позитивен резултат е добиен кај 381лице или 23 отсто од тестираните.

Од почетокот на пандемијата до вчера се направени 129.882 теста, позитивен резултат е добиен кај 22.904, оздравеле 11.437, починале 532, додека активни на болеста се 8.654 лица.