Албанија со нов негативен рекорд на инфицирани, затворени судови и градинки


Коронавирусот, кој зема се поголем замав ги затвори судовите во градовите Круја и Драч, а до следниот четврток е затворен и судот во Тирана.

Опасниот вирус затвори и градинки во неколку градови, има заразени и во општинските администрации, училиштата,па дури и во владата и парламентот.

Во меѓувреме и денеска е забележан нов негативен рекорд на заразени,но и на хоспитализирани со Ковид-19.

-Продолжува трендот на високи бројки на новоразарени. Во последните 24 часа тестирани се 1.725 сомнителни случаи, а опасниот вирус е дијагностциран кај 23 отсто од нив или 396 што е највисока бројка на заразени во едно деноноќие досега. Истовремено, во списокот на оздравени се внесени 105 лица, додека починаа четворица пациенти, информираа од Министертвото за здравство и социјална политика.

Се додава дека расте и бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. Моментно во трите ковид болници хоспитализирани се 338 лица.

До сега во оваа земја направени се 131.547 тестови, позитивен резултат е добиен кај 22.300, оздравеле 11.578, додека понале 536 лица.

Од ресорното министертво најавуваат зголемување на бројот на тестови на дневно ниво а пак премиерот Еди Рама, вчера најави дека набрзо ќе бидат набавени и брзи тестови.