Во Хрватска 2.848 инфицирани, 29 починати лица


Националниот штаб за цивилна заштита објави нови податоци за бројот на лица заразени со коронавирус во Хрватска во последните 24 часа.

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 2.848 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи е вкупно 15.356.

Меѓу нив, 1.278 пациенти се во болница, од кои 122 се на апарати за дишење.

Починаа 29 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, регистрирани се вкупно 59.415 лица заразени со новиот корона вирус, од кои 683 починаа. Вкупно се оздравени 43.376 лица, од кои 2.306 во последните 24 часа.

ПОЧИНАТИ ПО ДЕНОВИ