Земјотресот го помести островот Самос за шест ипол сантиметри

Гоолеми оштетувања и на грчкиот остров Самос (Фото: АФП)

За 18 до 25 сантиметри, грчкиот остров Самос се издигнал над морето по силниот земјотрес од 6,7 степени, во петокот, според истражувањето на професорите од Катедра за геологија од атинскиот Универзитет, јави дописничката на МИА од Атина.

Резултатите од истражувањето, што ги пренесуваат грчките медиуми, покажуваат и дека островот се поместил на југ за најмалку 6.5 сантиметри.

Директорот за истражување на Геодинамичкиот институт во Атина, Атанасиос Ганас, за онлајн изданието на весникот „Та неа“ објаснува дека анализата на податоците во Грција и Турција покажуваат дека поместување има и на островот Икариа за 4,4 сантиметри см на југ, Хиос се поместил на север за 2,6 сантиметри.

Од спротивната страна, на територијата на Турција, Измир, каде што земјотресот беше катастрофален, се поместил за 4,2 сантиметри.

Ганас истакнува дека овие поместувања се трајни.