Босна и Херцеговина со 1.922 новозаразени со Ковид-19, починаа 43 пацинети


Во Босна и Херцеговина денеска се забележани 1.922 нови случаи на заразени со корона вирус, а тестирани биле 5.255 примероци. Починаа 43 пациенти.

Во Федерацијата има 1.262 позитивни на корона вирус, а биле направени 3.704 тестови.

Досега се тестирани 217.486 примероци, а корона вирусот е потврден кај 36.243 лица.

Излечени се 20.689, а активни 14.673 случао.

Во Федерацијата во последните 24 часа починале 24 луѓе или вкупно 881.

Во Република Српска извршено е тестирање на 1.431 примероци, а ковид е потврден кај 622 лица.

Во истиот период има 18 починати од Ковид-19 или вкупно 487 пациенти. Досгеа во РС потврени се 20.519 случаи со корона вирус.

Во Брчко регистрирани се нови 38 случаи, а почина една жена.