Во Белград е критична состојбата со бројот на заразени со новиот корона вирус

Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави денеска дека состојбата со бројот на заразени со новиот корона вирус во Белград е критична. Според него, мора да се спречи понатамошно пренесување за да се зачува здравиот систем.

Во изјава за српски медиуми, тој додаде дека бројот на заразени со Ковид-19 во Белград се намалува во целокупната структура на заразените, „што значи дека инфекцијата се шири“.

На прашањето дали се разгледува затворањето на државата, што е чекор за кој во овој момент се одлучија многу европски земји, тој рече дека „може да се изврши одреден вид затворање, и дека се забранети одредени работи“, но дека ќе биде дефинирано и можно ограничување на движењето на некој друг начин отколку во почетокот на епидемијата, кога беше воведен „полициски час“, јави Бета.

Кон додадедека во моментов има големо присуство на респираторни инфекции, особено кај децата.