Србија со 2.412 новозаразени, починаа шест пациенти


Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 12.617 лица за коронавирус, од нив 2.412 биле позитивни, додека починале шест пациенти.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 53 пациенти се приклучени на апарати за дишење во болниците низ целата земја.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, предупреди дека ќе има над 2.000 заболени лица, додавајќи дека само во Белград ќе има над 1.000 новозаразени.