Вирусот не сопира во БиХ, денеска 248 новозаразени, шестмина починаа


Во Босна и Херцеговина денеска се пријавени нови 248 заразени со корона вирус, а шест пациенти починаа. Во изминатите 24 часа во Федерацијата биле тестирани 1.415 примероци, а 173 биле позитивни. Досега се тестирани вкупно 151.939 примероци, а корона вирусот е потврден кај 17.206 лица. До денеска во Федерацијата излечени се 13.197 пациенти, а во […]

Околу 60 отсто од Црногорците сакаат земјата да остане на евроатлантскиот пат, 20 отсто да се сврти кон Србија


Истражувањето на Центарот за демократија и човекови права (ЦЕДЕМ) покажа дека повеќе од 60 проценти од испитаниците очекуваат Црна Гора да остане независна и на евроатлантскиот пат по изборите, јави Анадолија. Анкетата на јавното мислење на таа невладина организација, исто така, покажа дека повеќе од 80 проценти не ја доведуваат во прашање независноста на државата. […]

Ветераните на ОВК му порачаа на ЕУЛЕКС дека ќе му одговорат „исто како на Југославија“


Секретарот на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ-ОВК), Фатон Клинаку, по денешниот упад на полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС во просториите на организацијата, изјави дека ЕУЛЕКС при упадот не покажал никаков документ кој му дава за право да врши претрес, јави дописникот на МИА од Приштина. Таковото […]

Хрватска со нови 223 нови случаи, починаа петмина


Во последните 24 часа забележани се 223 нови случаи со корона вирус и бројот на активни случаи денеска изнесува 1.226. Меѓу нив 273 пациенти се на болничко лекување, а од нив 22 на респиратор. Починаа пет пациенти. Од почетокот на епидемијата досега се забележани 15.795 случаи со корона вирус, од кои 266 починаа. Оздравеа 14.303 […]

(Видео) Падна воен авион во Србија, се трага по пилотот


Утрово во близина на Лозница, Србија се урна воен авион, стар модел „Миг-21“, а надлежните трагаат по пилотот. Според српските медиуми, на местото на несреќата се пожарникари и полиција, а надлетуваат и воен и полициски хеликоптер. Според неофицијални информации од местото на несреќата, од двајцата пилоти, еден успеал да се катапултира, а по него се […]

Турција ја обвинува Грција дека депортира мигранти без процедура за азил, а ЕУ се прави дека не гледа


Турција и некои организации за човекови права ја обвинија Грција за обемни депортации на мигрантите без пристап до процедурите за азил, што е спротивно на меѓународното право, пренесуваат американските медиуми. Анкара, исто така, ја обвини и ЕУ дека се преправа дека не ги гледа очигледните кршења на човековите права. Турската крајбрежна стража соопшти дека само […]

Тачи: Ќе поднесам оставка ако се покрене обвинение од Меѓународниот суд за Косово


Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека во моментот кога Специјализираните комори за Косово, односно Меѓународниот суд за воени злосоторства во Косово, ќе го потврдат обвинението против него, веднаш ќе поднесе оставка од функцијата, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното интервју за телевизијата Т7, Тачи изјави дека, иако медиумите тврдат дека, како еден од основачите […]

Кој е Салих Мустафа, прв уапсен водач на ОВК, и за што е обвинет од судот во Хаг


Салих Мустафа бил на чело на единицата која во селото Злаш на север од Приштина во неколку објекти затворале луѓе кои ги уапсиле произволно и потоа ги мачеле, а биле извршени и убиства. Сите тие лица не учествувале активно во вооружениот конфликт   Меѓународниот трибунал кој ги истражува воените злосторства извршени за време на војната […]

Мицотакис: Изборот е самозаштита или карантин


Дилемата самозаштита или карантин ја постави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата нова телевизиска порака до граѓаните во која говореше за ситуацијата со коронавиусот во Грција, за потребата да се почитуват мерките, ставајќи го акцентот на употребата на маска, за индивидуалната одговорност, а секако, не соопшти дополнителни рестриктивни мерки, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Во Србија нови 83 заразени, еден пациент почина


  На корона вирус во Србија во последните 24 часа тестирани се 6.663 лица, регистрирани се 83 новозаразени, а почина еден пациент. На респиратор се 22 пациенти, а 294 се во болница. Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 во Србија починаа 745 лица. Вкупно се тестирани близу 1,1 милион луѓе.

Земјотрес од 4,2 степени во Истанбул


Земјотрес со јачина од 4,2 степени го постресе Истанбул и околните области, јавија турските медиуми. Земјотресот е регистриран од Дирекцијата за справување со катастрофи и вонредни состојби  АФАД во 16,38 часот по локално време. Епицентарот бил во Мраморното Море, на дваесетина километри од градот Мармараереглиси, округот Текирдаг. Земјотресот се случил на длабочина од 6,83 километри. […]

Нови 235 случаи со корона вирус во Босна и Херцеговина, седум жртви


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа направеи се повеќе од 2.000 тестови, а корона вирусот е потврден кај 235 лица. Во Федерацијата биле тестирани 1.487 примероци, од кои 154 позитивни. ДОсега вкупно се тестирани 150.524 примероци, а вирусот е потврден кај 17.033 лица. До денеска излечени се 12.915 пациенти. Активни се 3.631 […]

Две кампањи на „Њу момент“ во финалето на фестивалот за маркетинг „БалКанс“


Две кампањи на маркетинг-агенцијата „Њу Момент“, „Кога пчелите ќе стивнат“ и герила-акцијата „Ослободување на дрвјата“ продуцирани и реализирани изминатава година, беа избрани во најдобрите 25 проекти во регионот на фестивалот за маркетинг „БалКанс“. Кампањата „Кога пчелите ќе стивнат“ е работена како социјален експеримент за последиците од изумирањето на големи пчелни семејства поради климатските промени и […]

Прво апсење на обвинет од Меѓународниот суд за Косово


Канцеларијата на Специјалниот обвинител при Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово потрвди дека денеска е упасен поранешниот шеф на разузнавање на Безбедносните сили на Косово (ФСК) и некогашен офицер на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Салих Мустафа, што е прво апсење на лице за кое е покренато обвинение пред Судот во Хаг. Според соопштението […]

Серија земјотреси во регионот – се тресеше тлото во Албанија, Грција…


ЕМСЦ извести дека синоќа и утрово, Албанија била погодена од серија земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 4,3 степени, а рано утрово се тресеше и Грција, каде беше 4,6 степени. Ноќеска Албанија беше погодена од повеќе земјотреси, од кои најсилниот беше со магнитуда од 4,3 степени. И пред и по него, имаше други […]

Тачи го најми Вилијам Вокер за свој консултант


Претседателот Хашим Тачи го ангажираше контроверзниот Вилијам Вокер, американски дипломат ветеран кој беше шеф на мисијата на ОБСЕ на Косово за време на војната, со договор вреден 35.000 евра. Петмесечниот договор за консултантски услуги помеѓу претседателот на Косово и Фондацијата Вокер почнал во август 2020 година и вреди 7.000 евра месечно, сметка што ја плаќаат […]

Хашим Тачи ќе одговара за 87 убиства


Во обвинението, чии делови објави албанската телевизија Топ ченел, мачењето и убиствата се случувале во специјални простории за притвор што ги имала ОВК. Меѓу жртвите на ОВК имало и членови на партијата на Ибрахим Ругова, ЛДК   Претседателот на Косово, Хашим Тачи, може да одговара за најмалку 87 убиства на Срби и Албанци кои се […]

Повторно повеќе од 200 новозаразени во Хрватска


  Во Хрватска во последните 24 часа регистрирани се 232 новозаразени лица, а четири пациенти починаа, соопшти националниот штаб за цивилна заштита. Бројот на активни случаи е 1.200. Од нив 266 пацинти се во болница, а 24 на респиратори. Од почетокот на епидемијата во Хрватска од корона вирус се разболеа 15.572, а 261 починаа. Оздравеа […]

Специјалниот суд за Косово во криза


„Мислам дека е вистинска криза“, рече Марк Елис, извршен директор на Лондонската меѓународна адвокатска комора и експерт за меѓународно кривично право. „Ова е чисто заплашување и напад врз судот, врз процесот, врз фер судењето. Ако сте во средина каде што групи или поединци даваат информации за имињата и адресите на сведоците, тогаш целиот процес во […]

Двајца Руси осудени на по 300 години затвор во Грција


Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот за човекови права на ООН за Русија. „Алексеј Игумонов и Никита Шепталов беа осудени на 300 години затвор за секој од нив, за наводно организирање шверц на мигранти во Грција. Таа казна е еднаква на […]