Во Босна и Херцеговина починаа 54 заболени од Ковид-19, најмногу од почетокот на епидемијата


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 1.886 новозаразени со корона вирусот од вкупно 4.582 тестирани. Во целата земја во последните 24 часа починале 54 пациенти до Ковид-19.

Во Федерацијата се направени 3.383 тестирања, од кои 1.297 биле позитивни на корона ворусот.

Досега тестирани се вкупно 220.869 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 37.540 лица.

Излечени се 20.888 пациенти, а активни се 15.740.

Пријавени се 31 смртен случај во 24 часа или вкупно 912.

За Брчко податоците ќе бидат објавени подоцна.

Во република Српска потврдени се 589 нови случаи со корона вирус, а биле тестирани 1.199 примероци. Починале 23 лица.