Критично во Србија, повторно повеќе од 2.000 заболени и 10 починати


Во последните 24 часа во Србија се забележани 2.282 нови случаи на Ковид-19, а починаа 10 пациенти.

Тестирани се 12.947 примероци.

На респиратор се 74 пациенти, а во болница се лекуваат 2.307 лица.

Досега на корона вирус се тесирани 1.401.663 лица.

Од почетокот на пандемијата потврдени се 57.958 случаи на Ковид-19, а 871 пациент починаа.