Полицијата во Љубљана со водени топови ги растера демонстрантите против новите мерки


Во Љубљана, каде што граѓани протестираат против новите мерки на Владата против коронавирусот, полицијата се обиде да ги растера демонстрантите со водени топови, а тие ги гаѓаа со камења и пиротехнички средства.

Како што пренесуваат локалните медиуми, десетици демонстранти се собраа да протестираат поради владините мерки, а организаторите на протестот, кој е закажан за утре, се оградија од учесниците на денешниот собир.

По употребата на водени топови и солзавец од страна на полицијата, демонстрантите се разотидоа, пишува „Словенечко дело“.

Хеликоптери го надлетуваа центарот на Љубљана, а се слушнаа и неколку експлозии. Еден новинар е повреден, пишува „Дело“.