Статистиката од Брчко ги зголеми бројките на заразени и починати во БиХ


Во Брчко, Босна и Херцегвина денеска се регистрирани нови 21 случај со корона вирус, а има и тројца починати, со што бројот на заразени се зглеми на 1.907, а бројот на починати 57.

Како што објавивме претходно, во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 1.886 новозаразени со корона вирусот од вкупно 4.582 тестирани. Во целата земја во последните 24 часа починале 54 пациенти до Ковид-19.

Во Федерацијата се направени 3.383 тестирања, од кои 1.297 биле позитивни на корона ворусот.

Досега тестирани се вкупно 220.869 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 37.540 лица.

Излечени се 20.888 пациенти, а активни се 15.740.

Пријавени се 31 смртен случај во 24 часа или вкупно 912.

Во Република Српска потврдени се 589 нови случаи со корона вирус, а биле тестирани 1.199 примероци. Починале 23 лица.