Тачи ќе се појави пред судот во Хаг


Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, денеска во 15 часот првпат ќе се појави пред судот во Хаг. Еден од основачите и челните луѓе на Ослободителната војска на Косово ОВК ќе се појави пред судот за да биде запознаен со обвинението и ќе треба да се изјасни дали се чувствува виновен или не. Тој може […]

Дритан Абазовиќ позитивен на коронавирусот


Црна Гора – Лидерот на црногорското граѓанско движење УРА и кандидат за министер за одбрана во новата црногорска Влада, Дритан Абазовиќ, вечерва соопшти дека е позитивен на коронавирус. „По тестирањето се покажа дека сум позитивен на коронавирусот“, напиша Абазовиќ на Твитер. Тој во твитот додава дека се чувствува добро, дека се наоѓа во самоизолација и се […]

Скопје, Белград и Тирана ќе потпишат Меморандум за соработка во справување со корона кризата


Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ, во присуство на министрите за здравство на трите земји, денеска ќе одржат онлајн координативен состанок, по што ќе потпишат Меморандум за соработка со кој ќе се регулираат односите меѓу државите во услови […]

Нов негативен рекорд во Грција, починаа 35 лица од Ковид-19


Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 1.914 нови случаи и 35 почината, што претставува нов негативен рекорд на регистрирани смрти случаи од Ковид-19 на дневно ниво, јави дописничката на МИА од Атина. Драстично зголемен е и бројот на пациенти приклучени на апарати, 228 лица, односно 21 повеќе од вчера. По пет дена, бројката […]

Критично во Црна Гора – повеќе од половината тестирани се позитивни


  Во Црна Гора, во последните 24 часа, регистрирани се 426 новозаразени, што е повеќе од половина од тестираните 840 примероци. Тоа е пораст од вчерашните нови 300. Пријавени се четири смртни исходи, или вкупно 337. Оздравеле уште 337 пациенти. Активни се 6.575. Од почетокот на годината вкупно се регистрирани 22.805 пациенти со Ковид-19.

Нови 501 новозаразени со Ковид-19 во Албанија, медиумите јавуваат за преполни болници


Нов негативен рекорд, од 501 новодијагностициран со Ковид-19, е регистриран во Албанија во последното деноноќие. – Во изминатите 24 часа регистрирана е најголема бројка на заразени со Ковид-19 во едно деноноќие до сега. Од 1.942 тестиран случаи, позитивен резултат е добиен кај 501 или 26 отсто од тестираните. И понатаму главно жариште е Тирана, по што се […]

Јанша уште чека Трамп да биде реизбан


Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, вели дека е интересно да се слави победникот на претседателските избори во САД, а судовите се уште не донеле одлука за жалбите. „Интересно. Поднесени се жалби во сите американски држави со тесен резултат. Судовите дури не  почнаа да одлучуваат. Сепак, главните американски медиуми (а не некое официјално тело) го прогласуваат […]

Во Србија 2.112 нови случаи со корона вирус, починаа 10


Во Србија регистрирани се 2.112 новозаразени со корона вирус, а во последните 24 часа починале 10 пациенти. Тестирани се 8.299 примероци. На респираот се 106 пациенти. Белград е најголемо жариште, со оглед на тоа што од новите регистрирани, половината се во главниот град – 1.057.

Заев, Вучиќ и Рама утре потпишуваат Меморандум за соработка во борбата против Ковид-19


Северна Македонија, Себија и Албанија утре ќе потпишат Меморандум за разбирање и соработка во борбата против Ковид-19, јави допсиникот на МИА од Белград. Како што соопштија од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, тој утре со премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и премиерот на Албанија, Еди Рама ќе учествува преку видео врска на конференција […]

Босна и Херцеговина со нови 1.211 заразени, починаа 20 пациенти


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина заразени се уште 1.211, а биле тестирани 2.829 луѓе. Пријавени се 11 смртни случаи, или вкупно 931. Во Федерацијата тестирани биле 1.593 примероци, а 665 биле позитивни. Досега се тестирани вкупно 225.553 примероци, а корона вирусот е потврден кај 39.337 лица. До денеска излечени се 21.643 […]

Хрватска не се смирува: Нови 2.543 заразени, а почина 42


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 2.543 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни се искачи на 15.678. Меѓу нив на болничко лекување се 1.396 пациенти од кои 145 на респиратор. Починаа 42 лица. Тоа е втор ден по ред со најмногу смртни случаи дневно. Од почетокот на […]

Во Словенија се намалува бројот на заболени


  Во Словенија денеска се потврдени 889 нови случаи на зараза со корона вирусот, а тестирани се 3.918 луѓе. Во истиот период починаа 23 пациенти. Ова е помал број заболени во однос на претходниот ден, кога имаше 1.612 новозаболени од 6.340 тестови, а и процентот на позитивни тестови е намален од 25,43 отсто на 22,69 […]

Во Црна Гора нови 300 случаи со Ковид-19, починаа петмина


  Во Црна Гора, во последните 24 часа потврдени се 300 нови случаи со корона вирус, а починаа пет пациенти, соопшти Институтот за јавно здравје во Подгорица. Од последниот извештај тестирани се 741 примерок. Најмногу новозаразени има во Подгорица, 120. Од почетокот на годината во Црна Гора се регистрирани 22.379 случаи со корона вирус. Вкуопно […]

Албанија: Нов рекорд на новозаразени, Баша побара граѓаните сами да се заштитуваат


Црн дневен биланс од Ковид-19 во Албанија, констатираат медиумите повикувајќи се на бројките на новозаразени и починати во последното деноноќие. Според Министерството за здравство и социјална заштита од направените 1.927 тестови опасниот вирус е дијагностициран кај 495 што е најголема бројка до сега. И процентот на новозаразени во однос на тестирани, кој изнесува 27 отсто, е највисок […]

Албанија пред враќање на строгите мерки со цел спречување на ширењето на Ковид-19


Албанија размислува за враќање на построгите ограничувачки мерки со цел да се спречи ширењето на заразата со Ковид-19. Ваква можност најави претседателката на Комитетот на експерти за справување со пандемијата и актуелен заменик-министер за здравство, Мира Ракацоли. Гостувајќи во телевизиска емисија, таа рече дека земјата е многу блиску до црвената линија и дека експертите ќе бидат принудени […]

Во Босна и Херцеговина денеска повеќе од 1.700 новозаразени, починаа 31 пациент


  Во Босна и Херцеговина потврдени се повеќе од 1.700 новозаразени со корона вирус, меѓу кои и претседателот на Советот на министри, Зоран Тегелтија. Од неговата канцеларија велат дека тој е позитивен на Ковид-19, но дека е во изолација дома и дека има благи симптоми на болеста. Во цела БиХ од петокот се тесирани нешто […]

Во Хрватска од Ковид-19 починаа уште 35 пациенти, новозаразени 2.399


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 2.399 нови случаи со зараза од корона вирусот, а бројот на активни случаи е 15.542. Меѓу нив има 1.330 пациенти на болничко лекување, од кои 128 на респиратор. Починаа 35 пациенти. Од почетокот на епидемијата досега забележани се 64.704 лица заразени со корона вирусот, од кои […]

Братај: Состојбата со Ковид-19 во Тирана е вон контрола, неопходни се построги мерки


Директорот на Националниот ургентен центар, Скендер Братај изјави дека состојбата со Ковид-19 во Тирана е надвор од контрола. Тој, но и експертите од оваа област ја нарекуваат црвена зона, бидејќи околу 175 жаришта на опасниот вирус се наоѓаат само во главниот град. Братај додава дека поради зголемениот број на заразени и хоспитализирани, Тирана, како и […]

Ердоган го смени гувернерот на турската национална банка поради падот на лирата


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го разреши гувернерот на централната банка на државата, Мурат Ујсал, и на негово место го назначи поранешниот министер за финансии Наџи Агбал. Промената доаѓа во време на рекорден пад на националната валута во однос на доларот. Турската лира вчера беше на рекордно ниско ниво од 8,58 по долар. Оваа година […]