Во Црна Гора нови 300 случаи со Ковид-19, починаа петмина


 

Во Црна Гора, во последните 24 часа потврдени се 300 нови случаи со корона вирус, а починаа пет пациенти, соопшти Институтот за јавно здравје во Подгорица.

Од последниот извештај тестирани се 741 примерок. Најмногу новозаразени има во Подгорица, 120.

Од почетокот на годината во Црна Гора се регистрирани 22.379 случаи со корона вирус.

Вкуопно починаа 333.