Хрватска не се смирува: Нови 2.543 заразени, а почина 42


 

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 2.543 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни се искачи на 15.678.

Меѓу нив на болничко лекување се 1.396 пациенти од кои 145 на респиратор.

Починаа 42 лица. Тоа е втор ден по ред со најмногу смртни случаи дневно.

Од почетокот на пандемијата во Хрватска има 67.247 регистрирани заразени, од коипочинаа 794, а оздравеа 50.775.

Во самоизолација се 31.427 лица

До денеска тестирани се 559.016 лица, а во последните 24 часа 8.787.