Во Босна и Херцеговина денеска повеќе од 1.700 новозаразени, починаа 31 пациент


 

Во Босна и Херцеговина потврдени се повеќе од 1.700 новозаразени со корона вирус, меѓу кои и претседателот на Советот на министри, Зоран Тегелтија.

Од неговата канцеларија велат дека тој е позитивен на Ковид-19, но дека е во изолација дома и дека има благи симптоми на болеста.

Во цела БиХ од петокот се тесирани нешто повеќе од 4.300 примероци, што што заразата е потврдена кај 1.132 лица од Федерацијата и 609 од Репубила Српска.

Пријавен е 31 смртен случај, што е близу дневните бројки во последната недела во БиХ, кога дојде до зголемен број починати кои биле на болничко лекување, а се позитивни на вирусот. Црниот рекорд беше постигнат во петокот кога имаше дури 57 починати.

Вкупно од почетокот на пандемијата до сега починале повеќе од 1.500 лица, а бројот на заразени е поголем од 60.000.