Во Хрватска од Ковид-19 починаа уште 35 пациенти, новозаразени 2.399


 

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 2.399 нови случаи со зараза од корона вирусот, а бројот на активни случаи е 15.542.

Меѓу нив има 1.330 пациенти на болничко лекување, од кои 128 на респиратор.

Починаа 35 пациенти.

Од почетокот на епидемијата досега забележани се 64.704 лица заразени со корона вирусот, од кои починаа 752. Оздравеа 48.410 лица, а од нив 2.389 во последните 24 часа.

Во самоизолација се 31.642 лица.

ДО денеска тестирани се 550.229 лица, а од нив во последните 24 часа 8.624.