Во Словенија се намалува бројот на заболени


 

Во Словенија денеска се потврдени 889 нови случаи на зараза со корона вирусот, а тестирани се 3.918 луѓе. Во истиот период починаа 23 пациенти.

Ова е помал број заболени во однос на претходниот ден, кога имаше 1.612 новозаболени од 6.340 тестови, а и процентот на позитивни тестови е намален од 25,43 отсто на 22,69 отсто.

„Бројот на тестови е помал, но се гледа дека мерките делуваат„, објави на Твитер портпаролот на Владата за Ковид-19, Јелко Кацин, изразувајќи оптимизам дека епидемијата се смирува и дека бројот на заразени втор пат неделава паѓа под 1.000.