Босна и Херцеговина со нови 1.211 заразени, починаа 20 пациенти


 

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина заразени се уште 1.211, а биле тестирани 2.829 луѓе. Пријавени се 11 смртни случаи, или вкупно 931.

Во Федерацијата тестирани биле 1.593 примероци, а 665 биле позитивни.

Досега се тестирани вкупно 225.553 примероци, а корона вирусот е потврден кај 39.337 лица.

До денеска излечени се 21.643 пациенти, а активни се уште 16.767 случаи.

Во Брлко има девет нови случаи, а починал еден пациент.

Во Република Српска, тестирани се 1.148,а вирусот е потврден кај 537 лица.

Пријавени се осум смртни случаи.