Критично во Црна Гора – повеќе од половината тестирани се позитивни


 

Во Црна Гора, во последните 24 часа, регистрирани се 426 новозаразени, што е повеќе од половина од тестираните 840 примероци.

Тоа е пораст од вчерашните нови 300.

Пријавени се четири смртни исходи, или вкупно 337.

Оздравеле уште 337 пациенти. Активни се 6.575.

Од почетокот на годината вкупно се регистрирани 22.805 пациенти со Ковид-19.