Во Словенија 1.564 новозаразени со Ковид-19, починаа 26 лица


Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани 1.564 нови случаи на коронавирус.

Починале 26 пациенти.

Словенечката влада објави дека во последните 24 часа биле тестирани 5.895 лица.

Хоспитализирани се 1.069 лица, од кои 168 се на интензивна нега. Оздравеле 92 лица.