Хрватска со 2.480 новозаразени, починаа 26 пациенти


Објавата на хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита за новите податоци околу корона вирусот денеска доцнеше еден час.

Според најновите информации има 2.480 новозаразени со корона вирусот, а починаа 26 пациенти.

Активни се 14.843, од кои 1.221 пациенти се на болничко лекување, од кои 118 на репсиратор.

Од февруари досге воХрватска од корона вирус заболеа 56.567 лица, од кои 654 починаа. Оздравеа 41.070 од кои 1.690 во последните 24 часа.

Тестирани се вкупно 523.382 лица, а во последните 24 часа 9.206.