Црн ден за Босна и Херцеговина – починаа 42 пациенти од Ковид-19


Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа тестирани се 4.519 примероци, а позитивни се 1.777.  Во истиот период починаа 42 пациенти.

Во Федерацијата биле тестирани 3.350 примероци, од кои 1.234 биле позитивни.

Досега се тестирани 213.782, а на корона вирус позитивни биле 34.981 лица.

Излечени се 20.488 пациенти, а активни се 13.636.

Во федерацијата има 16 починати лица од Ковид-19, или вкупно 857.

Во Република Српска тестирани се 1.034 примероци, а позитивни се 500 лица.

Денеска пријавени се 23 смртни сучаи од Ковид-19.

Податоците за Брчко зборуваат дека таму има 43 новозаразени, а починале тројца.