Вархеји: Мораме да му помогнеме на Западен Балкан и во вториот бран

 Европскиот комесарт за проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека Европска Унија ќе биде покрај Западен Балкан и во вториот бран од епидемијата со Ковид-19.

– Бевме со регионот и за време на првиот бран и веднаш им испративме помош во медицинска опрема и поддршка за економијата. Гледаме дека доаѓа втор бран и мораме да се подготвиме да им помогнеме доколку тоа биде потребно, посочи Вархеји.

Тој за време на видеоконференцијата „Западен Балкан по 2020: Постапки и одлуки за време на пандемија“ повтори дека за ЕК иднината на Западен Балкан е во ЕУ, што е и во интерес на Брисел.