Словенечкиот министер за животна средина позитивен на корона вирусот


Словенечкиот министер за заштита на животната средина Андреј Визјак денеска соопшти дека е позитивен на корона вирусот. Тој од 27 октомври е во самоизолација, но како што рече, се чувствува добро и нема симптоми на болеста. Визјак тој не е сигурен како се заразил, но претпоставува дека тоа се случило по контакт со жена во општата болница во Брежице.

Хаг повторно апси во Приштина


Обвинителството за злосторства на ОВК во Хаг во моментов спроведува операција во Приштина, во соработка со ЕУЛЕКС и косовската полиција, изјави утрово портпаролот на обвинителството, Кристофер Бенет. – Операцијата на Специјалното обвинителство во Приштина е во тек. Операцијата на Специјалното обвинителство се спроведува со поддршка на косовската полиција и Европската мисија за владеење на правото на Косово […]

Во Бугарија потврдени 4.041 новозаразени


Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 4.041 нов случај на коронавирус, што е најголем број за еден ден од почетокот на пандемијата, соопштија денеска здравствените власти на земјата. Во истиот период починале 63 лица, што исто така е нов рекорд по бројот на смртни случаи. На болничко лекување се 2.922 лица од кои 210 се на интензивна нега, а властите предупредуваат дека здравствениот […]

Во Србија 1.878 новозаразени, починаа 11 пациенти


  Во последните 24 ласа во Србија регистрирани се 1.878 новозаразени со корона вирус. Починаа 11 пациенти. Тестирани се 10.962 луѓе. На респиратор се 49 пациенти. Од почетокот на епидемијата во Србија потврдени се вкупно 51.083 случаи на коронавирус и 844 смртни случаи. Тестирани се вкупно 1.363.619 лица. Денеска се регистрирани најголем број на смртни […]

Во Босна и Херцеговина 1.455 новозаразени со корона вирус, 35 починаа


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа, по тестирање на 2.805 примероци, регистрирани се 1.455 нови случаи на корона вирус, Тој број е двојно поголем од вчера кога имаше 764 нови случаи. Во Федерацијата направени биле 1.551 примероци, од кои 809 позитивни. Пријавени се нови 19 смртни случаи, со што вкупниот број изнесува […]

Во Словенија потврдени уште 1.176 нови случаи на Ковид-19


Во последните 24 часа во Словенија се потврдени уште 1.176 лица заразени со коронавирусот, додека 24 пациенти починале, соопшти денеска словенечката Влада. Во истиот период биле тестирани 4.587 лица. Во болниците ширум земјата има 925 лица, од кои 146 се на интензивна нега. Од почетокот на пандемијата во Словенија се регистрирани вкупно 37.382 лица заразени со коронавирусот, додека 412 луѓе починале.

Хрватска со највисок број починати од Ковид-19 во еден ден – 34


Хрватскиот кризен штаб ги објави најновите податоци. Во последните 24 часа се евидентирани 1.427 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2.Со тоа бројот на активни случаи во Хрватска се искачи на 14.079. Починаа 34 пациенти, што е највисок дневен биланс досега. Меѓу нив, 1.191 пациент е во болница, од кои 112 се на апарати за […]

Девојче спасено 91 час по земјотресот во Турција


Во Измир, 91 час по земјотресот што се случи во петокот, спасено е девојче од под урнатините на апартманите „Риза-бег“, јави агенцијата Анадолија. Во регионот продолжуваат активностите за пребарување и спасување. За време на активностите спасувачите стигнаа до девојче и ја концентрираа својата активност во таа област, јави Анадолија и додава дека кога стигнале до […]

Рекорден број починати во Бугарија од корона за еден ден – 51


За последните 24 часа, новите случаи на корона вирус во Бугарија се 2.427 од направени 7.910 тестови. Најмногу нови случаи има во Софија – 979, Пловдив – 225, Варна – 148 и Благоевград – 136. Во текот на последните 24 часа е пријавен рекорден број на смртни случаи – 51 лице. Така, вкупниот број на […]

Бројот на жртви од земјотресот во Турција се искачи на 100


  Бројот на жртви од разорниот земјотрес кој во петокот ги погоди Турција и Грција порасна на 100. Според најновиот извештај на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредна состојба, најголе број жртви, дури 98 се од Измир, додека две девојчиња загинаа на грчкиот остров Самос, пренесе Ројтерс. Ова е најсмртоносниот земјотрес што се […]

Протестите против Борисов запреа поради влошувањето на корона кризата


Бугарите протестираа 116 дена по реда поради големата корупција во земјата. Големиот наплив на нови случаи со корона ја стави под прашалник оправданоста на протестите   Антикорупциските собири во центарот на Софија насочени кон бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе престанат поради влошената состојба со пандемијата на коронавирусите, објавија тројцата како организатори во понеделникот (2 ноември). […]

Солун и Серес во целосен двонеделен карантин 


Грција – Во грчките градови Солун и Серес, од утре наутро се воведува целосен карантин, со дозволено движење за граѓаните само со испратена СМС порака, полициски час од 21 до 5 часот наутро, забрана за меѓународни и домашни летови, а единствено отворени ќе бидат само училиштата, јави дописничката на МИА од Атина. Новите мерки ќе бидат […]

Тачи: Дијалогот на Косово со Србија е бесмислен ако не заврши со меѓусебно признавање


Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека дијалогот меѓу Косово и Србија за изнаоѓање конечно решение за споровите на двете држави е „сосема бесмислен“, доколку не резултира со нивно меѓусебно признавање, јави дописникот на МИА од Приштина. Во обраќање пред медиумите по омажите по повод годишнината од загинувањето на двајца поранешни команданти на Ослободителната војска на […]

Деветмина починати и речиси 500 заболени од Ковид-19 вчера во Косово


Изминатото деноноќие во Косово се регистрирани девет смртни случаи на лица заразени од новиот коронавирус, така што бројката на жртви на пандемијата на Ковид-19 достигна до 697, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК) се наведува дека, од вчера извршените 1.374 тестови со методот […]

Потпишани два меморандума во Тирана – регионот ја јакне соработката во дигиталната сфера


Продлабочување на соработката во областите на 5Г и интероперабилноста во насока на дигитална интеграција, безбедна размена на податоци и поголемо меѓусебно поврзување, е целта на двата меморандума што беа потпишани денеска на завршниот министерски состанок во Тирана. На состанокот со кој беше заокружен Дигиталниот самит за Западен Балкан, учествуваше и министерот за информатичко општество и […]

Босна и Херцеговина има 32 починати од Ковид-19 денеска, 764 нови случаи


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 764 случаи со корона вирус, а направено е тестирање на 1.641 примероци. Починаа 32 пациенти. Во Федерацијата пријавени се 798 примероци, од кои 438 позитивни на корона. Нови случаи регистрирани се во сите кантони освен во Посавскиот. Досега тестирани се вкупно 208.881 примерок, а […]

Српските лекари тврдат дека Ковид-19 може да го оштети слухот


Тим на лекари од ОРЛ клиниката на Клиничкиот центар Ниш го испитале влијанието на новиот коронавирус врз слухот, со што се покажало дека Ковид-19 може да доведе од слабо до умерено губење на слухот на високи фреквенции, изјави директорот на клиниката за ОРЛ Душан Милисављевиќ, истакнувајќи дека ова е првата се опфатна студија за ефектите […]

Во Словенија 557 новозаразени со Ковид-19, починаа 25


Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 557 нови инфекции со корона вирус со извршени 2.244 тестирања, што значи дека процентот на позитивни тестови е 24,82 проценти, објавија словенечките медиуми. Починаа 25 пациенти. Бројот на потврдени инфекции е помал од претходниот ден, кога имаше 1.796 случаи, но со многу пообемен број на тестирани. Бројот […]

Црн ден за Хрватска: Од Ковид-19 починаа 32 пациенти, 1.165 новозаразени


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 1.165 случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 14.734. Во истиот период починаа 32 пациенти од последиците на ковис-19. Во болница се 1.127 пациенти, од кои 94 на репсиратор. Од почетокот на епидемијата во Хрватска забележани се 52.660 заразени, а […]

Во Црна Гора за 10 отсто зголемено семејното насилство за време на пандемијата


Црногорската национална СОС-линија за жртви на семејно насилство од јануари до август годинава примила 2.110 повици, што е за десет проценти повеќе отколку во истиот период во 2019 година, пишува „Вијести“. Извршната координаторка на СОС-телефонот за жени и деца жртви на насилство во Никшиќ, Наташа Меџедовиќ Пистало, изјави дека од 1 март до крајот на септември, […]