Расте бројот на жртви во земјотресот во Турција и Грција – 81


Продолжуваат напорите за спасување можни преживеани од осум згради што се урнаа во земјотресот во западниот турски град Измир, соопштија локалните власти. Бројот на жртвите од силниот земјотрес што се случи во петокот во егејскиот регион се искачи на 81. Турските власти соопштија дека загинале 79 лица, сите во Измир, додека двајца тинејџери загинаа на […]

Србија: Комуналните инспектори и комуналната милиција ќе пишуваат казни за неносење заштитни маски


Комуналните инспектори и комуналната милиција во Србија ќе бидат овластени да контролираат лични мерки на заштита од пандемијата, како што се носење маски, одржување на растојание во затворено и надвор. Тоа ќе биде можно како дел од новите измени и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, јавија српски медиуми. Според РТС, […]

Од утре полициски час во цела Грција и нови рестриктивни мерки во 27 региони


Угостителските објекти, кафулињата, фитнес центрите, музеите, театрите од утре ќе бидат затворени во 27 региони во Грција што се во т.н. црвена зона, а во целата земја стапува во сила и забраната за движење, односно полициски час од полноќ до 5 часот наутро, јави дописничката на МИА од Атина. Γрција, односно 74-те региони се поделени […]

Во Албанија денес најголем број новозаразени, починати, но и хоспитализирани со Ковид-19 досега


Албанија– Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се најголем број новозаразени, почнати, но и хоспитализрани со Ковид-19 до сега од почетокот на пандемијата. -Од направените 1.472 тестови на сомнителни случаи позитивен резултат е добиен кај 327 ли 22,2 отсто од тестраните,што е нов негативен рекорд. Во исто време битката со опасниот вирус ја изгубија девет […]

Во Косово седуммина починати и 337 заразени од Ковид-19, од утре нови мерки


Косово – Бројот на жртви на епидемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на 688, откако минатото деноноќие починаа седуммина заразени од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК) се наведува дека, по рекордните 514 заболени во петокот, во саботата се регистрирани нови 337 случаи, со што […]

Во Бугарија 1.803 заразени со Ковид-19 за 24 часа, 25 смртни случаи


Во Бугарија, во изминатите 24 часа, Ковид-19 е потврден кај 1.803 лица од 7.259 тестирани, а 25 пациенти починаа. Стапката на позитивност е 24,84 проценти, според официјалните податоци. Хоспитализирани се 2.612 пациенти, од кои 166 се на интензивна нега. Од почетокот на пандемијата, 52.844 лица биле заразени, а 1.279 починале во Бугарија.

Во Босна и Херцеговина нови 1.411 заболени, починаа 13 пациенти


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина направени се 2.925 тестриања од кои 1.411 биле позитивни. Во Федерацијата тестирани се 1.847 примероци, а 829 биле позитивни. Досега тестирани се 208.083 примероци, а ковид вирусот потврден е кај 32.500 лица. До денеска оздравеле 19.464, а активни се 12.240 случаи. Во Федерацијата во последното деноноќие […]

Силен земјотрес крај Задар


  Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени по Рихтер го погоди денеска задарското подрачје во Хрватска. Потресот се случил на 16 км од Поседарје, објаци Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. „Вечерњи лист“ пренесува изјави на граѓани кои велат дека во Задар, но и на поширокото подрачје се почувствувало силно тресење.

Докторка бара со налог да се затвори ковчегот на Амфилохие


Лекарката на Клиничкиот центар на Црна Гора, Невенка Павличиќ, побара од претседателот на Националното координативно тело (НКТ) да издаде наредба за затворање на ковчегот на митрополитот Амфилохие, проценувајќи дека ритуалот во кој илјадници луѓе го бакнуваат неговото тело е легло на зараза, пренесува Радио Слободна Европа. – Не знам колку сте моќни, но знам дека […]

Хрватска со 2.179 новозаразени до Ковид-19, 16 починаа


Во последните 24 часа во Хрватска тестирани се 8.026 примероци, забележани се 2.179 нови случаи со зараза, а починаа 16 пациенти. Активни се 15.894 случаи. Досега се забележани 51.495 заразени со корона вирусот, од кои 562 починаа Оздравеа 35.039 лица, од кои 2.221 во последните 24 часа. Во самоизолација се 29.338 лица, а до денеска […]

Смртниот биланс од земјотресот во Турција се искачи на 42 лица


Турција – Бројот на загинатите од земјотресот во западна Турција се искачи на 42 лица, соопшти Републичката агенција за вонредни состојби и природни катастрофи, пренесува ТАСС. Претходно без пријавени 39 мртви и 885 повредени. „Спасувачките екипи во Измир работат на урнатини на девет уништени згради“, се додава во соопштението. Земјотрес со јачина од 7 степени според […]

Хоти: Косово има најмалку заболени од Ковид-19 споредено со регионот и Европа


Косово – Косовскиот премиер Авдулах Хоти вели дека состојбата со пандемијата на Ковид-19 во земјата и натаму е под контрола и дека во Косово има многу помалку заразени од коронавирусот во споредба со земјите од регионот и Европа, јави дописникот на МИА од Приштина. Хоти преку неговата страница на Фејсбук порача дека Владата успева да ја […]

Во Грција првпат регистрирани над 2.000 нови случаи на Ковид-19


Во Грција денеска е регистриран нов негативен рекорд на новозаразени од корона вирусот, а бројката за првпат е над 2.000 нови случаи, поконкретно 2.056 за едно деноноќие, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, починаа уште шест лица, а приклучени на апарати се 135 пациенти, […]

Ковид-19: Црни рекорди на Балканот


Во изминатото деноноќие во Европа се регистрирани над 140 илјади нови случаи на коронавирус, со што бројот на позитивни на континентот, според податоците на Ворлдметерс сега изнесува  9.851.825. Како и во цела Европа, и на Балканот се разгорува епидемијата на корона вирус и секојдневно се бележат нови црни рекорди. Во Србија, тестирани се 9.531 примерок […]

Ердоган: На секој граѓанин во Измир чија куќа е уништена во земјотресот ќе му се изгради нова


  Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека во најкраток можен рок ќе биде наравена нова куќа за секој граѓанин на Измир чиј дом е уништен во земјотресот. Ердоган зборуваше на конгресот на својата Партија за правда и развој во градот Ван, а во таа прилика се наврати на последиците од вчерашниот земјотрес во […]

Нови мерки во за сузбивање на вирусот во Косово – старите во карантин


  Возрасните лица над 60 години се ослободени од работа, оние над 65 години може од дома да излегуваат два пати во денот, намалување на бојот вработени во јавната администрација, се дел од новите мерки што денеска ги најави министерот за здравство во Приштина, Арменд Земај, со цел сузбивање на епидемијата. Во Косово последните денови […]

Нов рекорд во Србија со 1.817 заразени, Белград најголемо жариште


Според последните податоци во Србија на корона вирус позитивни се 1.817 лица, а шест лица починале како резултат на болеста. Тестирани се 9.531 примероци. Од 1.817 потврдени случаи на корона вирус во последните 24 часа, во Белград се регистрирани 980, што изнесува 54 отсто. Следува Нови Сад со 95 случаи, Крагуевац 68, Краљево 38, Ваљево […]

Грција ќе издвои 2,3 милијарди евра за бизнисите и вработените погодени од новите рестрикции


Средства во висина од 1,5 милијарди евра за месец ноември, а 2,3 милијарди евра до крајот на годината се наменети за бизнисите и вработените погодени од новите рестриктивни мерки во Грција, соопшти министерот за финансии Христос Стајкурас. Како што јави дописничката на МИА од Атина, меѓу деветте иницијативи на министерствата за финансии и труд и […]

Словенија за првпат има над 2,1 милион жители


Според последните статистички податоци, Словенија има 2.100.126 жители, а ова е првпат бројката да биде поголема од 2,1 милиони. На почетокот на 2020 година, Словенија имала 1.939.460, но во средината на годината, тој број паднал за 1.900, на 1.937.560, според извештајот на СТА. Жените сочинуваат 51 процент од населението, додека поголемиот дел од имигрантите се […]