Силен земјотрес крај Задар


 

Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени по Рихтер го погоди денеска задарското подрачје во Хрватска.

Потресот се случил на 16 км од Поседарје, објаци Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

„Вечерњи лист“ пренесува изјави на граѓани кои велат дека во Задар, но и на поширокото подрачје се почувствувало силно тресење.