Во Албанија денес најголем број новозаразени, починати, но и хоспитализирани со Ковид-19 досега

Албанија– Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се најголем број новозаразени, почнати, но и хоспитализрани со Ковид-19 до сега од почетокот на пандемијата.

-Од направените 1.472 тестови на сомнителни случаи позитивен резултат е добиен кај 327 ли 22,2 отсто од тестраните,што е нов негативен рекорд. Во исто време битката со опасниот вирус ја изгубија девет пациенти,што исто така е најголема бројка на починати во едно деноноќие до сега,информираше Минстертвото за здрство и социјална заштита.

Се додава дека она што посебно загрижува, исто така, е секојдневното зголемување на бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување.Во моментов, во трите ковид болници се лекуваат 293 пациенти.

До сега направени се 126.792 теста, Ковид-19 е дијагностициран кај 21.202, оздравени се 11.246( со последните 57) починале 518 а активни на болеста се 9.438.

Лидерот на опозицијата Љуљзим Баша денеска обвини за колапс во здравствениот систем, што посебно го илустрираше со самоубството на 52-годишен ковид пациент кој во три часот наутро скокнал од четвртиот кат на болницата. Според болничкиот картон претходно тој немал ментални здравствени проблеми.

Тој и денес побара да се прават најмалку 2.500 тестови и лекуввњето на биде бесплатно, бидејќи, како што рече, многу заразени не се јавуваат бидејќи немаат пари за лекување.