Хрватска со 2.179 новозаразени до Ковид-19, 16 починаа

Во последните 24 часа во Хрватска тестирани се 8.026 примероци, забележани се 2.179 нови случаи со зараза, а починаа 16 пациенти.

Активни се 15.894 случаи.

Досега се забележани 51.495 заразени со корона вирусот, од кои 562 починаа

Оздравеа 35.039 лица, од кои 2.221 во последните 24 часа.

Во самоизолација се 29.338 лица, а до денеска тестирани се 502.048 лица.