Во Босна и Херцеговина нови 1.411 заболени, починаа 13 пациенти


 

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина направени се 2.925 тестриања од кои 1.411 биле позитивни.

Во Федерацијата тестирани се 1.847 примероци, а 829 биле позитивни.

Досега тестирани се 208.083 примероци, а ковид вирусот потврден е кај 32.500 лица.

До денеска оздравеле 19.464, а активни се 12.240 случаи.

Во Федерацијата во последното деноноќие починале четворица пациенти или вкупно 796.

Во Република Српска тестирани се 1.078, а позитивни биле 582 лица.

Пријавени се и девет смртни случаи или вкупно 425. Досега во РС од Корона се разболеле 18.428, а оздравеле 8.416. Тестирани се вкупно 104.446.

Резултатите од Брчко се очекуваат во текот на денот.