Ердоган: На секој граѓанин во Измир чија куќа е уништена во земјотресот ќе му се изгради нова


 

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека во најкраток можен рок ќе биде наравена нова куќа за секој граѓанин на Измир чиј дом е уништен во земјотресот.

Ердоган зборуваше на конгресот на својата Партија за правда и развој во градот Ван, а во таа прилика се наврати на последиците од вчерашниот земјотрес во Измир.

„На сите граѓани во Измир чии домови се уништени во земјотресот, во најкус можен рок ќе му изградиме и ќе му предадеме нова куќа“, порача Ердоган пренесоа турските медиуми.