Нови мерки во за сузбивање на вирусот во Косово – старите во карантин


 

Возрасните лица над 60 години се ослободени од работа, оние над 65 години може од дома да излегуваат два пати во денот, намалување на бојот вработени во јавната администрација, се дел од новите мерки што денеска ги најави министерот за здравство во Приштина, Арменд Земај, со цел сузбивање на епидемијата.

Во Косово последните денови се бележи зголемен број заразени.

Една од мерките која се најавува се однесува на намалување на бројот вработени во институциите на централно и локално ниво.

„Здравствените установи ќе работат со полн каѓацитет. Луѓето постари од 60 години и оние со хронични болести ќе бидат ослободени од доаѓање на работа, ќе работат преку интернет“, рече Земај.

Лицата на 65 години ќе може да излезат од дома од 6 до 10 часот и попладне од 16 до 19 часот.

Само за одење на лекар ќе има исклучок.

„Сите трговски центри ќе бидат затоврени од 21 до 5 часот наутро. И на угостителите им е забранета работа во истиот период, освен достава на храна“, појасни тој.

И предавањата на факултет треба да бидат онлајн, а испитите и вежбите во согласност со препораките, со физичко присуство на студентите, додека студентските домови и мензите ќе работат според мерките на Националниот институт за јавно здравје.

Сите денеска донесени мерки ќе важат до донесување следна одлука, кажа Земај.