Хрватска со највисок број починати од Ковид-19 во еден ден – 34


Хрватскиот кризен штаб ги објави најновите податоци. Во последните 24 часа се евидентирани 1.427 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2.Со тоа бројот на активни случаи во Хрватска се искачи на 14.079.

Починаа 34 пациенти, што е највисок дневен биланс досега.

Меѓу нив, 1.191 пациент е во болница, од кои 112 се на апарати за дишење. Во Загреб утрово се пријавени помал број на новоинфицирани, во споредба со претходните денови – нешто повеќе од 200.

Од почетокот на епидемијата до денеска во Хрватска од Ковид-19 заболеа 54.087 лица, а починаа 628. Оздравеа 39.380, од кои 2.048 во последните 24 часа.

До денеска тестирани се 514.176 луѓе, а 7.013 во последното деноноќие.