Рекорден број починати во Бугарија од корона за еден ден – 51


За последните 24 часа, новите случаи на корона вирус во Бугарија се 2.427 од направени 7.910 тестови. Најмногу нови случаи има во Софија – 979, Пловдив – 225, Варна – 148 и Благоевград – 136.

Во текот на последните 24 часа е пријавен рекорден број на смртни случаи – 51 лице. Така, вкупниот број на жртви на болеста во Бугарија е 1.349.

Активните случаи се 34.110, од ​​кои 2.841 се хоспитализирани, а 180 се на оддели за интензивна нега.

Бројот на излекувани лица во последните 24 часа е 507. Од почетокот на пандемијата, вкупно 21.037 лица се излечиле од Ковид-19.

Бугарија се соочува со проблем за хоспитализација на пациентите. Министерот за здравство Костадин Ангелов во понеделникот објави дека направил организација за преземање на зголемениот број на пациенти Ковид-19, но дека директорите на болниците го бојкотираа тоа, што доведе до криза со амбулантни возила кои кружат со часови по болниците. Ангелов ја уверуваше јавноста дека со отворањето на 100 нови кови легла веќе нема проблем за хоспитализации.