Босна и Херцеговина има 32 починати од Ковид-19 денеска, 764 нови случаи


 

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 764 случаи со корона вирус, а направено е тестирање на 1.641 примероци. Починаа 32 пациенти.

Во Федерацијата пријавени се 798 примероци, од кои 438 позитивни на корона. Нови случаи регистрирани се во сите кантони освен во Посавскиот.

Досега тестирани се вкупно 208.881 примерок, а корона вирусот е потврден кај 32.938 луѓе.

Заклучно со денешниот ден, во Федерацијата излечени се 19.790 пациенти, а во иманиатите 24 часа оздравеле 326 пациенти. Во моментот активни се 12.326 случаи.

Само во Федерацијата во последните 24 часа починале 26 пациенти или вкупно од почетокот на епидемијата 822.

Во Брчко регистрирани се три нови случаи на зараза, а почина едно лице.

Во република Српска извршени се 777 тестирања, а корона вирусот е потврден кај 323 луѓе.

Пријавени се пет смртни случаи.