Црн ден за Хрватска: Од Ковид-19 починаа 32 пациенти, 1.165 новозаразени


 

Во последните 24 часа во Хрватска забележани се нови 1.165 случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 14.734.

Во истиот период починаа 32 пациенти од последиците на ковис-19.

Во болница се 1.127 пациенти, од кои 94 на репсиратор.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска забележани се 52.660 заразени, а почнаа 594. Оздравеа 37.332, од кои 2.293 во последните 24 часа.

Тестирани се вкупно 507.163 лица, од кои 5.115 во последното деноноќие.