Словенечкиот министер за животна средина позитивен на корона вирусот


Словенечкиот министер за заштита на животната средина Андреј Визјак денеска соопшти дека е позитивен на корона вирусот.

Тој од 27 октомври е во самоизолација, но како што рече, се чувствува добро и нема симптоми на болеста.

Визјак тој не е сигурен како се заразил, но претпоставува дека тоа се случило по контакт со жена во општата болница во Брежице.