Во Србија 1.878 новозаразени, починаа 11 пациенти


 

Во последните 24 ласа во Србија регистрирани се 1.878 новозаразени со корона вирус.

Починаа 11 пациенти. Тестирани се 10.962 луѓе.

На респиратор се 49 пациенти.

Од почетокот на епидемијата во Србија потврдени се вкупно 51.083 случаи на коронавирус и 844 смртни случаи.

Тестирани се вкупно 1.363.619 лица.

Денеска се регистрирани најголем број на смртни случаи од последиците на Ковид-19, уште од 16 јули кога имаше 13 починати, но исто така и рекорден број новозаразени бидејќи на 31 октомври беа регистрирани 1.817 случаи.

Дневниот пораст на бројот на потврдени ковид пациенти укажува на тоа дека епидемиолошката состојба во Србија е сè уште нестабилна и дека може да се очекува зголемување на бројот на заразени, посочуваат лекарите.

Епидемиолог Предраг Кон, кој е член на Кризниот штаб, синоќа изјави дека во Белград за 24 часа ќе има повеќе од 2.000 заразени лица.

– Пред викендот, практично на улиците имаше 10.000 заразени лица и во таква ситуација, подобро е да се остане дома, кажа Кон, кој додаде дека моментно во Србија нема законска рамка за усвојување на итни мерки, но треба да се контролира изолацијата и домашниот карантин.