Во Словенија потврдени уште 1.176 нови случаи на Ковид-19


Во последните 24 часа во Словенија се потврдени уште 1.176 лица заразени со коронавирусот, додека 24 пациенти починале, соопшти денеска словенечката Влада.

Во истиот период биле тестирани 4.587 лица.

Во болниците ширум земјата има 925 лица, од кои 146 се на интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата во Словенија се регистрирани вкупно 37.382 лица заразени со коронавирусот, додека 412 луѓе починале.