Се затвораат училиштата и угостителските објекти во Црна Гора


Институтот за јавно здравје на Црна Гора донесе одлука од утре (6 ноември) во Подгорица, Будва, Улцињ и во Цетиње да се затворат училиштата и угостителските објекти.

Оваа мерка треба да трае 14 дена, а потоа да се анализира состојбата и да се одлучи за понатамошните чекори.

Исто така, ќе се забрани собирање по станови и кучи на лица кои не се членови на заедничко домаќинство.

Оваа одлука Институтот ја донесе затоа што, како што наведуваат, не се почитувале мерките.

„Експоненцијалниот раст на бројот новозаболени стигна како последица на непочитувањето на мерките и масовните собирања во претходните денови. Предлагаме мерки кои се најдобри за здравјето на граѓаните“, наведоа од Институтот за јавно здравје на Црна Гора, пренесува „Вијести“.