Заев: Многу лажни вести имаше околу Преспанскиот договор


– Пропагандата, дезинформациите и евтините квази новинарски приказни промовираат омраза и насилство, создаваат параноја и заговор, ја поткопуваат демократијата и националната безбедност. Тие ни одблиску не се слобода на говор. Напротив, имаат за цел да ги изманипулираат граѓаните, да дезинтегрираат личности, да создадат конфликти. Затоа, мора да научиме да правиме разлика меѓу лагите и конструктивните […]

Македонец фатен со шверц на антички артефакти стари 2500 години


Антички предмети стари околу 2500 години се откриени на граничниот премин Прешево-Табаовце во автомобил управуван од Македонец, соопшти денеска српската Царинска управа. Како што наведува Царината во соопштението, предметите се откриен во вторникот кога дежурен цариник и полицаец на влезот во Србија темелно извршиле проверка на автомобил со италијански регистарски таблички, управуван од 54-годишен македонски […]

Одбраната чека одлука за барањето за ослободување на Јанева од притвор


Кривичниот совет во Кривичниот суд – Скопје не донел сѐ уште одлука по барањето на одбраната на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за таа да се брани од слобода за случајот „Рекет“, каде што е третоосомничена. Од судот ни посочија дека барањето на одбраната е во постапка, додека одлуката што вчера ја донесе Кривичниот совет […]

Ќе се стави ли крај на претседателското елдорадо?


Улогата на бившите шефови на државата во политиката може да биде додадена вредност, но и сосема безначајна, ама ретко каде како кај нас тие доживотно се згрижени со параграфите на законот. Односот кон нив е деликатен за повеќето земји, а нивните привилегии во време на криза може да бидат тежок товар за сиромашни земји како […]

Поднесено обвинение за убиството на Пино


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе oбвинителен акт против едно лице за убиството на 26-годишниот Пинета Секондо – Пино во декември минатата година. Надлежен јавен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје доставил обвинителен акт против едно лице за кривично дело – убиство. Како што е наведено во соопштението од Јавното обвинителство, […]

Шансите за членство во НАТО во декември само теоретски


Шансите Македонија да стане членка на НАТО на самитот во декември од вчера се сведени речиси на нула, односно се само теоретски, откако во Шпанија пропадна и последниот обид на вршителот на должноста премиер, Педро Санчез, да формира влада. Ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО не е помината во Италија, Велика Британија, САД, Шпанија […]

Еден претседател – четири претседателски плати


  Близу 110 илјади денари изнесуваат највисоките плати за избрани и именувани функционери во државата, чии месечни приходи се вреднуваат со коефициент 4,5. Покрај актуелните претседатели на државата, Владата и на парламентот Стево Пендаровски, Зоран Заев и Талат Џафери, толкави месечни примања имаат и двајцата поранешни шефови на државата – Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов, […]

„Бомбите“ за „Монструм“ не направија бум: ВМРО и ДУИ ловеле политички поени


Јавноста конечено ги слушна долгонајавуваните „бомби“ за случајот „Монструм“ кои требаше да ја расветлат вистината за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, но не се слушна ништо суштинско во ниту една од нив. Вчера во судницата не се слушнаа ниту мотивите ниту кој стои зад грозоморното убиство, а единствено можеше да се слушнат озборувачките муабети меѓу […]

Во Собранието почнува расправата за ребалансот на Буџетот


Во Собранието на Република Северна Македонија од денеска почнува расправата по ребалансот на Буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот е точка на дневен ред во матичанта собраниска Комисија за финансирање и буџет. Според предлогот вкупните приходи со ребалансот на Буџетот се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, додека вкупните […]

Османи во Берлин на среба со Рот


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамки на неговата турнеја по европските метрополи, денеска е во работна посета на Сојузна Република Германија на средба со германскиот државен министер за Европа и претставник на СР Германија во ЕУ, Михаел Рот. Централна тема на средбата, како што соопшти неговиот кабинет, ќе бидат европските интеграции на […]

Тешко до една изборна единица во 2020 година


Дванаесет пратеници од помалите партии во парламентот ќе се сретнат утре со спикерот Талат Џафери за дa му ја образложат својата иницијатива за промена на изборниот модел така што државата би била една изборна единица. Зад оваа иницијатива стојат Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, Јулијана Николова од ЛДП, како и Рубин Земон, Ферид […]

Ивановска ќе го симнува Иванов од „Скај сити“


Антикорупциската комисија вчера се сети на експретседателот Ѓорге Иванов, кој откако ја напушти функцијата – на 12 мај годинава и го пресели кабинетот во облакодерите на „Џевахир холдинг“ – речиси воопшто се нема појавено во јавноста. ДКСК најави дека ќе побара од Службата за општи и заеднички работи (СОЗРМ) на Владата да го раскине договорот […]

Филипче: Треба да се врати довербата меѓу пациените и здравствените работници


Потребно е да се спроведе процес на враќање на довербата меѓу пациените и здравствените работници, да се упати порака дека со насилство не се решаваат работите, истакна министерот за здравство Венко Филипче кој денеска присуствуваше на протетсот против масислтвото врз здравствените работници. – Со насилство не се решаваат работите. Сметам дека нема никаква логика да […]

Обвинителството ја анализира документацијата за случајот со Рашковски


Обвинителството ја анализира документацијата за тендерот за набавка на радарски систем за „Македонска навигација’ (М-НАВ), за што беа објавен снимки од разговори во владата, на состанок што го организирал генералниот секретар Драги Рашковски. Од обвинителството информираа денеска дека веднаш по објавенат аудио-снимка е отворен предмет, а се процесуира и кривичната пријава поднесена од партија. -По […]

Села би коалицирал со Мицкоски ако се извини или огради за 27 април


Не е првпат партиите на Христијан Мицкоски и на Зијадин Села да коалицираат на локално ниво, но последната нивна соработка, која резултираше со превласт во Гостивар во однос на СДСМ и ДУИ, ги поттикна гласиштата за можно заедничко формирање на владата на ВМРО-ДПМНЕ и на Алијансата за Албанците доколку добијат победнички број гласови на идните […]

Туск ни симна капа – на ред се лидерите на ЕУ


Полна уста пофални зборови за остварувањата на земјава на патот кон ЕУ имаше претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, при вчерашната негова последна посета на Скопје на таа функција. Од најдобрата можна адреса, како што самиот кажа, ги повика лидерите на ЕУ да ја завршат својата работа „затоа што Северна Македонија направи сè што се […]

Дали Јанева излегува од притвор?


Кривичниот суд, односно судија на претходна постапка, деновиве треба да донесе одлука дали поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева ќе се излезе од притвор. Нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска вчера до судот поднесе барање Јанева да излезе од Шутка, каде што била во тешка психичка состојба. „Отпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може […]

Ќе има ли „анкетна“ за СЈО? Опозицијата во расчекор со Туск


Додека претседателот на Европскиот совет Доналд Туск вчера во зградата на владата во Скопје ги поздравуваше досегашните постигнувања на земјава во делот на владеењето на правото, во опозициските кабинети во парламентот се пишуваше иницијатива за формирање анкетна комисија која би го истражувала работењето на СЈО. Наспроти оценката на Туск дека во Брисел не постои сомнеж […]

Протест за насилството врз здравствените работници


Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ денеска претпладне во кругот на Клиничкиот центар ќе се одржи протест, во организација на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари. Протестот следува по неодамнешните напади на лекари и медицински персонал во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје, во Поликлиниката Драчево, а напади имаше и во Тетово и […]

Ново рочиште за „Монструм“ со старите обвинители Фетаи и Бубевски


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, „Монструм“ на СЈО. Судијата Огнен Ставрев минатото рочиште го одложи поради состојбата со Специјалното обвинителство, за која рече дека се надева оти за неколку дена ќе биде јасна и […]