Апелацискиот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“


Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда. Основниот кривичен суд на 2 ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од кумановското Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор […]

Јовески ги овласти Фетаи и Бубевски и натаму да го застапуваат „Монструм“


Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ги овласти довчерашните обвинители во СЈО Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски и натаму да го застапуваат предметот „Монструм“, потврдија за МИА извори во ЈОРСМ. Судењето за „Монструм’ односно петкартното убиство кај Смилсковското езеро, треба да продолжи утре во Кривичниот суд. Советот на јавни обвинители вчера го констатира престанокот на мандатот […]

Јанева во Анкетниот лист до Антикорупциска пријавила дека купила половно возило


Државната комисија за спречување на корупцијата немаат отворено предмет за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева која е во притвор и третосомничена во случајот Рекет. Претседателката на Антикорупциска Биљана Ивановска изјави дека тие не водат случај за Јанева, случајот е во Обвинителството. Поранешната специјална обвинителка пријавила само една промена во анкетниот лист и тоа за […]

Поднесено барање за укинување на притворот на Јанева, одбраната очекува одлука до петок


Барањето за укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е доставено до Судот и очекуваме до петок, кога истекува 30-дневната мерка притвор, да има одлука, потврди денеска за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчковска. – Отпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, […]

Антикорупциска го симнува Иванов од „Џевахир“


Антикорупциската комисија ќе побара од Службата за општи и заеднички работи на Владата да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов и да му додели канцеларии во државна сопственост. Претседателката на Комисијата Биљана Ивановска на денешната седница на ДКСК рече дека сегашните простории на поранешниот претседател се избрани во една […]

Туск: Вашата земја направи се, сега е ред на лидерите на ЕУ да го завршат своето


Северна Македонија си ја заврши работата и сега е ред на лидерите на ЕУ да го завршат своето, порача претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на зедничката прес-конференција во Владата со премиеропт Зоран Заев. – Во јуни јасно кажав дека земјата направи се што се очекуваше од вас за да може да се почнат преговорите […]

ВМРО-ДПМНЕ бара да се формира анкета комисија за СЈО


Група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ доставиле предлог до парламентот за формирање анкетна комисија која ќе го испитува работењето на СЈО, по разрешувањето на Катица Јанева. Во предлогот се посочува дека треба да се испита работењето и начинот на трошење на средстават од буџетот наменети за СЈО. Анкетната комисија, како што се наведува во образложението на предлогот, […]

Фрчковска ќе бара да и се укине притворот на Јанева


Укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева ќе побара днеска нејзината адвокатка Ирена Фрчковска. Фрчковска во изјава за МИА рече дека барањето ќе го достави до Судот во текот на денов. Таа ќе побара Јанева да се брани од слобода со депонирање на соодветна гаранција во недвижен имот.

Османи во залет за преговори со ЕУ или за конгресот на ДУИ ?


Еден месец пред одлуката на Европскиот совет за определување датум за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи наеднаш покажа сериозна заинтересираност за тоа како се спроведува на терен новиот Закон за употреба на јазиците. Изминатиот викенд, Османи, веројатно, паралелно ги пакуваше куферите за турнејата во Брисел, Берлин […]

Трамп: Иран е одговорен, но сакам да избегнам војна


Американскиот претседател Доналд Трамп остана на ставот дека Иран стои зад нападот во Саудиска Арабија, но истакна дека ска да избегне судир и оти треба да се почека додека не се дознае сигурно кој е извршителот. После средбата со бахреинскиот принц наследник Салман бин Хамад Ал-Калифа, Трамп рече дека е решен да му помогне на […]

Бундестагот ја крева рампата на 26 септември?


Германскиот парламент се подготвува за расправата за извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија. Пратениците, според информациите на „Независен весник“ од Бундестагот, на 26 септември ќе одлучуваат дали ќе ѝ дадат зелено светло на земјава за почеток на преговорите со ЕУ. Нашите извори велат дека можно е ден претходно темата да биде на […]

Прво Ангеловска, а сега и Фетаи – цел на сексизам и навреди


Низа реакции поради сè погласниот говор на омраза во јавниот простор предизвика пораката што новинарот Љупчо Златев преку социјалните мрежи ја упати до обвинителката Фатиме Фетаи, која беше една од најекспонираните во тимот во СЈО, а од вчера е вратена во Основното јавно обвинителство – Скопје. „Од утре Фатиме Фетаи повторно ќе се буди со […]

Вилма да ги води „27 април“ и „Рекет“, ама шефот ќе ѝ го каже ВМРО


Власта и опозицијата прават уште еден чекор да ги доближат ставовите за законот за обвинителство по неуспехот на средбата меѓу лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Сега теренот го испитуваат советниците на премиерот и на првиот човек на опозицијата, Бојан Маричиќ и Тимчо Муцунски. По нивната средба во неделата, двете најголеми […]

СЈО остана без обвинители


Обвинителите од Специјалното јавно обвинителство се враќаат во обвинителствата од каде што дошле, а нивната шефица Катица Јанева, која е во притвор, нема да може ниту да се врати онаму од каде што дојде, во Основното јавно обвинителство во Гевгелија. Советот на јавни обвинители го стави надвор од сила решението на Јанева со кое е […]

Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески


Тимот на Специјалното јавно обвинителство е разрешен и обвинителите се враќаат во матичните основни јавни обвинителства, нивните предмети сега ја чекаат одлуката на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Советот на јавни обвинители вчера донесе одлука за престанок на мандатот на обвинителите во СЈО согласно членот 9, став четири од Законот за СЈО и нивно прераспределување […]

Туск во Скопје на средби со Заев и Пендаровски


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска престојува во посета на Република Северна Македонија. Туск ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев. По средбата со Заев предвидена е заедничка прес-конференција во 12.15 часот во Владата. Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за […]

Адвокатката на Јанева најавува барање за укинување на притворот


Адвокатката на разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева, најавува дека ќе поднесат  барање за укинување на мерката притвор, а за гаранција ќе биде понуден нејзиниот имот. -Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева како и денешната одлука да нема можност да се […]

Адеми: Политизирањето на образованието е неприфатливо


Немам лична или партиска агенда за нарушување на квалитетот на националниот образовен систем туку, напротив, имам агенда за подобрување, рече   министерот за образование и наука Арбер Адеми во врска со случувањата во основното училиште „Његош“ во скопското село Јурумлери и реакциите за отворање паралелка на албански јазик. Тој на промоцијата ЕВН-кабинетот во средното техничко во […]

Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание


Секој предлог е вреден за внимание, целта ни е да постигнеме  договор, изјави денеска премиерот Зоран Заев, прашан за коментар на предлог законот за Јавно обвинителство што го достави ВМРО-ДПМНЕ. Заев посочи дека првпат слуша за предлогот и не сака да води преговори преку медиумите, но оти треба убаво да се разгледа решението за воспоставување […]

Милошоски: без хибридни решенија, најдобро е да има едно обвинителство


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на денешната прес-конференција во Собранието рече дека од СДСМ добиле нов предлог закон за ЈО и дека очекува преговорите да продолжат четврток или петок. – Пред неколку денови примивме предлог од страна на владиниот тим по однос на законот за обвинителство, по кој знае кој пат забележавме дека СДСМ го […]