Бундестагот ќе гласа за старт на преговорите со Северна Македонија


Abgabe einer Regierungserkl‰ung durch Bundesfinanzminister Dr. Wolfgang Sch‰uble, CDU/CSU, MdB, w‰hrend der Sondersitzung zu den ESM Krediten f¸r Spanien. Abgeordnete, Sitzung, Europ‰ischer Rettungsschirm, EU, Euro, Finanzen, Finanzpolitik, Plenarsaal, ‹berblick, ‹bersicht Ordnun

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска во Берлин имаше средба со пратеникот во германскиот Бундестаг, Кристиан Петри од втората по големина политичка групација – партијата СПД.

Османи и Петри разговараа за поддршката за одлуката за старт на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија, за која на утрешната седница на Бундестагот треба да донесе конечна одлука, соопшти СЕП.

– Нова, охрабрувачка порака денеска ми пренесе г. Петри, дека и пратеничката група на неговата партија, СПД, која е и втора по број на пратенички места, вчера со огромно мнозинство донеле одлука со која ќе гласаат за донесување одлуката за почеток на преговорите на земјата со ЕУ. Утре е седницата на Бундестагот каде се наоѓа нашата точка, и сѐ поочигледно е дека Германија ќе гласа „за“ на европскиот самит во октомври, изјави Османи по средбата со Петри, изразувајќи благодарност за поддршката.

Вицепремиерот Османи престојува во работна посета на Берлин, каде ќе присуствува на седницата на Бундестагот и во живо ќе ја следи расправата и гласањето за одлуката за старт на преговорите на Република Северна Македонија на Самитот на ЕУ во октомври. Домаќин на вицепремиерот Османи за време на посетата на Берлин е претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле.