Катица Јанева донесена во Обвинителството со лисици на рацете


Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева денеска беше донесена во Обвинителството каде треба да даде исказ во врска со аферата „Рекет“.

Јанева ја донесоа со полициско комбе, со лисици на рацете.

Таа е во притвор повеќе од 30 дена, а се сомничи за злоупотреба на службената должност.

Покрај неа, во притвор се уште двајца осомничени за истата афера, Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

Исказ пред обвинител вчера одби да даде првоосомничениот Јовановски, со образложение дека претходно сака да ги разгледа доказите коишто обвинителството за организиран криминал ги има против него.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/1426878907489346/?notif_id=1569236973793295&notif_t=live_video_explicit