Османи во Берлин на среба со Рот


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамки на неговата турнеја по европските метрополи, денеска е во работна посета на Сојузна Република Германија на средба со германскиот државен министер за Европа и претставник на СР Германија во ЕУ, Михаел Рот.

Централна тема на средбата, како што соопшти неговиот кабинет, ќе бидат европските интеграции на Република Северна Македонија, во насока на поддршката од страна на Владата на Сојузна Република Германија за одлуката за старт на преговорите во октомври, за која Бундестагот ќе расправа на седница на 26-ти септември.

Од Берлин, вицепремиерот Османи ќе отпатува за Варшава, каде ќе остари средби со државниот секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Полска, Конрад Шимански, а ќе се сретне и со министерот за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович.

Централна тема и на средбите во Полска ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија, и поддршката во пресрет на одлуката за почеток на преговорите на Самитот на ЕУ во октомври.

Посетите на Берлин и Варшава преставува дел од европската турнеја на вицепремиерот Османи, за посета на европските метрополи, а во пресрет на октомвриските состаноци на Советот на Европската Унија.