Ден на Републиката – одбележување на двата историски Илиндена


Под слоганот „Сите сме деца на Илинден“  денеска се чествува Денот на Републиката – 2 Август, 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ. Централната свеченост ќе се одржи во Крушево, каде делегација предводена од премиерот Зоран Заев ќе положено цвеќе на споменикот на Мечкин Камен. Точно напладне по интонирањето на државната …

Ден на Републиката – одбележување на двата историски Илиндена Read More »

Сеад Кочан со полиција спроведен во „Идризово“


Осудениот бизнисмен Сеад Кочан вечерва од приватна болница каде наводно се лекуваше, полицијата го однесе во затворот „Идризово“ на издржување на казната од четири години и осум месеци затвор на којашто е правосилно осуден во случајот „Труст“. Судија за извршување на санкции го отфрли и неговото последно барање за одложување на затворската казна и вечерва …

Сеад Кочан со полиција спроведен во „Идризово“ Read More »

Мечкин Камен – бојно поле за докажување патриотизам


Веќе како по традиција, во исклучително поларизирана атмосфера се  пречекува 116-годишнината од Илинденското востание и 75-годишнината од Првото заседание на АСНОМ, кога се удрени темелите на македонската држава. Прославата годинава е под мотото „Сите сме деца на Илинден“, но според сите најави она што ќе се случува во Крушево инстантно ќе го пречкрта тоа „сите“ …

Мечкин Камен – бојно поле за докажување патриотизам Read More »

Богоев го кани Милошоски во Карпош да види дека општината не е поврзана со „Рекет“


Општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев не се вклучени во никакви незаконски активности во врска со случајот „Рекет“, се наведува во соопштението што го испрати до медиумите Одделението за односи со јавност во оваа скопска општина. -Во име на транспарентноста и отворената комуникација што општина Карпош ја води со граѓаните, по низата шпекулации и лажни …

Богоев го кани Милошоски во Карпош да види дека општината не е поврзана со „Рекет“ Read More »

Мицкоски: Со Груевски немам контакт откако Заев го пушти да си оди


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера се врати од дводневната посета на Будимпешта и Виена. Во главниот град на Унгарија имаше средба со тамошниот премиер, Виктор Орбан, додека во Австрија беше поради размена на искуства и информации поврзани со неговата професорска дејност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Веќе утре во петок, ќе присуствува на …

Мицкоски: Со Груевски немам контакт откако Заев го пушти да си оди Read More »

Борисов: Нема да ве блокираме во ЕУ, ама до октомври мора да се најде решение за Гоце Делчев


Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања мора да најде решение за прашањето на Гоце Делчев до октомври, порача денеска во Скопје бугарскиот премиер Бојко Борисов на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев. -Комисиите мора да постигнат компромис до октомври. Не треба да се пречекори октомври. Комисиите мора секојдневно да работат, рече …

Борисов: Нема да ве блокираме во ЕУ, ама до октомври мора да се најде решение за Гоце Делчев Read More »

Судот го одобри во целост обвинението за автобуската несреќа кај Ласкарци


Кривичниот суд во Скопје во целост го одобри обвинителниот акт за сообраќајната несреќа што во февруари годинава се случи кај селото Ласкарци, по што е формиран кривично правен предмет, кој преку АКМИС системот ќе биде распределен за натамошно постапување. -Во однос на повеќе новинарски прашања за обвинителниот акт КО 778/19 поврзан со сообраќајната несреќа која …

Судот го одобри во целост обвинението за автобуската несреќа кај Ласкарци Read More »

Се стега обрачот – околу Јанева, но и околу „белата палата“


„Белиот дворец“ на ВМРО-ДПМНЕ влегува во судница. Одлуката за овој предмет на Специјалното јавно  обвинителство ја донесе вчера Кривичниот суд во Скопје, на јавна седница што се одржа за време на судската ферија и во екот на обновените преговори за новиот закон за јавно обвинителство. По долги одолговлекувања, судот го прифатил обвинителниот акт за „Талир …

Се стега обрачот – околу Јанева, но и околу „белата палата“ Read More »

Крушевчани ги пречека илинденските коњаници


 Со леб и сол, со поздрав и аплауз, крушевчани вечерва ги пречекаа илинденските коњаници пред столбот на Крушевската република кај црквата „Свети Никола“ во центарот на градот. Преку 80 коњаници пристигнаа од три страни и се од повеќе места. Меѓу нив се коњаниците од Горно Лисиче, од манастирот Бигорски, од Кичевско. Крушевскиот градоначалник Томе Христоски …

Крушевчани ги пречека илинденските коњаници Read More »

И Зоки Кичеец пренесен во болница


По Боки 13-ка и Зоки Кичеец ги посети хируршките клиники, јавува Телма. Попладнево Зоран Милевски од затворот во Шутка бил спроведен на клиниката за дигестивна хирургија каде по прегледот бил вратен во притвор. На барање на затворскиот доктор бил одобрен преглед на Милевски но не откриваат какви здравствени проблеми има осомничениот од аферата Рекет ниту …

И Зоки Кичеец пренесен во болница Read More »

Параглајдерист падна врз возило во Љубаништа


На 30-ти јули 2019 година, во 15:34 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во охридското село Љубаништа паднал параглајдерист, јавува Охрид прес. – Од страна на полициски службеници од СВР Охрид излезено е на местото на настанот и констатирано е дека во 15:20 часот, при слетување на плажата со параглајдер, 57-годишниот Д.J.Р. од САД, …

Параглајдерист падна врз возило во Љубаништа Read More »

Нефи Усеини ги боксува институциите – тие чекаат партиски амин!


„Охридскиот бисер“ на ДУИ, Нефи Усеини, никако да се симне од насловните страници на медиумите. Тазе излезен од партиската школка, барем за поширокиот дел од јавноста, јавно се гордее со своите тешко стекнати дивоградби и притоа лесно решава работите да ги расчистува со закани и тупаници. Човекот чијашто фирма „Нефи Ик“ за две години, од …

Нефи Усеини ги боксува институциите – тие чекаат партиски амин! Read More »

Парното поевтинува во просек за 150 денари


Трошоците за централно парно греење во Скопје од следниот месец поевтинуваат за 6 отсто, односно во просек сметка од 2.000 денари, се намалува за 150 денари, појасни денеска Марко Бислимовски од Регулаторната комисија за енергетика. Поточно за шест отсто се намалуваат сметките за парно на корисниците од БЕГ, додека потрошувачите во Гази Баба и населбата …

Парното поевтинува во просек за 150 денари Read More »

Независните ќе ѝ ја земат „власта“ на ВМРО-ДПМНЕ во комисиите


Осумтемина независни пратеници кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ може да бидат „клучот“ за решавање на дисбалансот во некои од собраниските тела, каде што мнозинството сега е под контрола на опозицијата, што дојде до израз на последната седница на Комисијата за избори и именувања. Пратеничката Владанка Авировиќ, како заменик-координаторка на независната пратеничка група, побара вчера во …

Независните ќе ѝ ја земат „власта“ на ВМРО-ДПМНЕ во комисиите Read More »

Беса му намигна на ВМРО, ама далеку се од љубов


ВМРО-ДПМНЕ и Беса си намигнаа и го воспоставија првиот чекор кон соработка, но дали таа ќе се преточи во коалиција пред или по парламентарните избори e прерано да се разговара. Ова се коментарите во двете партии што доаѓаат по превласта што ја презедоа во собраниската Комисија за избори и именувања на сметка на владејачкиот двоец: …

Беса му намигна на ВМРО, ама далеку се од љубов Read More »

Попис па избори или обратно


Додека Владата се подготвува за попис на населението и домаќинствата, ВМРО-ДПМНЕ очекува предвремени парламентарни избори. Овие две операции, според проценки во политички кругови, иако не се исклучуваат една со друга, речиси е невозможно да се спроведат во сличен временски период, особено ако се има предвид и очекуваната одлука за тоа дали Северна Македонија во октомври …

Попис па избори или обратно Read More »

Русковска: Катица Јанева го форматиралa вториот телефон, што беше „изгубен”


Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска вечерва за Канал 5 потврди дека е бил вештачен и вториот мобилен телефон на Катица Јанева, но вели дека во него нема ништо, односно дека е форматиран со сменет „Ајклауд“. Ова потврдува дека станува збор за мобилен телефон од производителот „Ајфон“ Иако поминаа повеќе од …

Русковска: Катица Јанева го форматиралa вториот телефон, што беше „изгубен” Read More »

Заев: Усеини ќе одговара, макар и изгубиле во Охрид


Премиерот Зоран Заев вети дека охридскиот советникот Нефи Усеини ќе одговара доколку извршил физички напад, односно дека нема да биде заштитен. „Ако направил физички напад, ќе одговара, не судам во делот на вината, истрагите ќе си покажат. Предрасуди нема спрема никој. Има општини каде СДСМ нема контрола врз мнозинството во Советите, па тие функционираат нормално. …

Заев: Усеини ќе одговара, макар и изгубиле во Охрид Read More »

Сопруга на вработен во СЈО потпишала дека Катица е болна


Директорката на психијатриската болница во Негорци, Љуба Цилкова го издала боледувањето за специјалната обвинителка Катица Јанева, а нејзиниот сопруг, Методи Цилков е вработен во приемното одделение на СЈО, објави Телма. И двајцата по потекло се од Гевгелија од каде доаѓа и Јанева. Пратеникот Антонио Милошоски објави дека Јанева добила боледување во периодот од 16 јули …

Сопруга на вработен во СЈО потпишала дека Катица е болна Read More »

Мијалков останува без пасош, а Кочан заминува во затвор


Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков останува без пасош, односно Кривичниот совет го одби неговото барање да му го врати пасошот за да оди на операција на желудникот во Прага. Советот одржал седница и ја разгледал медицинската документација на Мијалков, но одлучиле дека неговото барање е несоновано. Против ова решение Мијалков може да се жали …

Мијалков останува без пасош, а Кочан заминува во затвор Read More »