Сопруга на вработен во СЈО потпишала дека Катица е болна


Фото: Б. Грданоски

Директорката на психијатриската болница во Негорци, Љуба Цилкова го издала боледувањето за специјалната обвинителка Катица Јанева, а нејзиниот сопруг, Методи Цилков е вработен во приемното одделение на СЈО, објави Телма.

И двајцата по потекло се од Гевгелија од каде доаѓа и Јанева.

Пратеникот Антонио Милошоски објави дека Јанева добила боледување во периодот од 16 јули до 15 август годинава врз основа на констатирaна анксиозност растројство.

Шефицата на СЈО во оставка, најави заминување истиот ден кога беа уапсени Бојан Јовановски и Зоран Димовски за „Рекет“. Обвинителството ги вештачи нејзините телефони за да утврди дали е инволвирана во случајот.

На изненадување на јавноста, се појави по еднонеделно отсуство. Рече дека е чиста и оти била злоупотребена од Боки 13. Не сакаше да одговара на прашања.

Фото: Борис Грданоски