Русковска: Катица Јанева го форматиралa вториот телефон, што беше „изгубен”


Фото: Б. Грданоски

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска вечерва за Канал 5 потврди дека е бил вештачен и вториот мобилен телефон на Катица Јанева, но вели дека во него нема ништо, односно дека е форматиран со сменет „Ајклауд“.

Ова потврдува дека станува збор за мобилен телефон од производителот „Ајфон“

Иако поминаа повеќе од 15 дена, Обвинителството не соопштува детали од вештачењето на првиот мобилен апарат на Јанева.