И Зоки Кичеец пренесен во болница


По Боки 13-ка и Зоки Кичеец ги посети хируршките клиники, јавува Телма.

Попладнево Зоран Милевски од затворот во Шутка бил спроведен на клиниката за дигестивна хирургија каде по прегледот бил вратен во притвор.

На барање на затворскиот доктор бил одобрен преглед на Милевски но не откриваат какви здравствени проблеми има осомничениот од аферата Рекет ниту на која клиника е однесен.

Пред два дена и првооосмничениот во Рекет Боки 13 беше спроведен на скопските клиники на испитувања кои биле потребни по претходно закажан оперативен зафат и попладнето беше вратен во Шутка.